ВИДЕО: Ахмети пристигна во СЈО

0
964

Али Ахмети, лидерот на ДУИ точно во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде што беше повикан, во својство на сведок, во предистражна постапка.

Неофицијално тој треба да сведочи за случајот на уривањето на „Космос“, на бизнисменот Фијат Цаноски.

– Потврдуваме дека Ахмети е повикан да даде исказ во СЈО, во својство на сведок во предистражна постапка. Но, заради тајноста на предистражната постапка не можеме да откриваме за кој случај Ахмети е повикан, рече обвинителката Ленче Ристоска.