(ВИДЕО) Андоновски: Неодговорната власт што ги остави бебињата 4 месеци без БСЖ да го реши проблемот!

0
1229

Прес конференција,
д-р, Ангелчо Андоновски, член на Комисијата за здравство на СДСМ
Скопје, 20.02.2017
Почитувани граѓани,

Овде сме да порачаме дека ваква несериозна власт никогаш повеќе не смее да и се повтори на Република Македонија. Никола Тодоров и здравствените власти не се грижат дури ни за бебињата!

Од оваа Клиника за гинекологија, новороденчињата веќе 4 месеци се испуштаат без примена вакцина против туберкулоза, или позната во јавноста како BCG.

Еве копии од картончиња од пуштени новороденчиња дома, на 13 и 14 февруари, каде што јасно се гледа дека не им била ставена BCG вакцина. До овој момент вакцини нема!

Ова е доказот дека се испуштаат бебињата без примена вакцина BCG. Овде јасно е заокружено едно големо не!

Иако е најпрепорачливо новороденчињата да бидат вакцинирани против туберкулоза веднаш по раѓањето, родителите не можат да ги однесат на вакцина бебињата ниту во диспанзерите. Според информациите што ги имаме нема BCG вакцини ни во поликлиниката Битпазар, ни во Идадија, ниту во поликлиниката Букурешт, а дури ни во поголемите градови ширум Македонија.

Најскандалозно е тоа што Никола Тодоров знае дека нема BCG вакцин. Токму сопругата на неговиот советник се породувала тука на Гинеколошката клиника, пред три недели, кога била дигната фама дека бебето на советникот на Тодоров, треба да биде испишано без примена BCG вакцина. Тогаш веднаш била донесена доза од којашто биле вакцинирани и другите 30 новороденчиња, кои имале среќа да се таму кога се родило бебе на советникот на Никола Тодоров.

Затоа, однапред предупредуваме да не помисли власта во заминување да се вади со рокови до кога новороденчињата може да ја примат вакцината. Ова е скандалозно, безобразно, несовесно однесување на криминалната власт во заминување којашто ја интересираат само тендери и провизии и ништо друго и за тоа ќе има одговорност!

Граѓаните избраа промени и тоа во Македонија треба што поскоро да се случи, за да бидат заштитени и новороденчињата и здравјето на граѓаните.Kartonce1 Kartonce2