(Видео) Ангелов пред МРТ : Дојдете илјада и да ви кажам како за една ноќ се руши режим

0
1228

На вечерашниот протест пред МРТ излегоа поголем број граѓани кои побараа телевизијата да престане да го штити режимот и да почне да работи во интерес на граѓаните. Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов кажа дека нема да се откаже од борбата за МРТ и дека протестите ќе бидат се помасовни од ден на ден, пренесе А1он.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=9erh2wPSHnQ[/youtube]

Тој од пред телевизијата побара оставка од јавниот обвинител Марко Зврлевски за кого посочи дека денеска не сакал да го прими и да разговараат за навоната забрана МРТ да не може да ги емитува снимките од опозицијата.

-Ми кажаа дека нелигитимниот јавен обвинител Зврлески имал совест само му била заспана. Ве повикува утревечер во 19 часот во поголем број, режим не се руши за една недела. Дојдете илјада и да ви кажам како за една ноќ се руши режим. Апелирам до нелигитмниот јавен обвинител Зврлевски да не се крие од мене, денеска му беше страв и срам да ме прими.

Зврлевски прими ме и погледни ме во очи да ти кажам зошто треба да си одиш, спаси си ја душата ако не можеш да си ја спасиш слободата, рече Ангелов. Групата од пред МРТ се упати кон јавното обвинителство од каде со извици на негодување беше побарано повлекување на јавниот обвинител од функцијата.