(Видео) Ангелов: МТВ 2 ги пушта „бомбите“, Петрески тврди дека има забрана

0
1345

Дел од материјалите со прислушувани разговори кои ги презентира СДСМ а се однесуваат за високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ во етер ги пушта МТВ 2, тврди претседателот на „Достонство“ Стојанче Ангелов, пренесе А1он.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=PrFMDDoaudY[/youtube]

Според него со пуштањето на материјалите на вториот програмски сервис во вода паѓаат објаснувањата на Горан Петрески дека поради забрана на обвинителство прес конференциите на СДСМ не се пуштаат на МТВ 1 каде е тој главен уредник. Ангелов прашува зошто ако има забрана не ја почитува МТВ 2.

Чудно било што во јавниот сервис владееле различни правила. Според него првиот програмски сервис е под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не се објавуваат разговорите кои ги презентира опозицијата а на материјалите се слушаат разговори на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Зоран Сатврески, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и останати членови на владеачката партија.

За МТВ 2 Ангелов вели дека е под контрола на ДУИ па затоа се објавуваат материјалите на опозицијата.

„Според нашите информации вториот програмски сервис на МРТВ во најмалку три наврати досега има емитувано делови од разговорите кои досега ги објавува опозицијата. Доколку навистина постои ваква забрана МТВ 2 не ја почитува оваа забрана. Тоа се делови од разговорите за кои Горан Петрески тврди дека не смее да ги објави оти му забранило јавното обвинителство. Суштината на ова е што првиот програсмки сервис е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ а вториот на ДУИ“, изјави Стојанче Ангелов.