(ВИДЕО) Амабасадорите отворено му акнаа шамар на Грујо : ДПМНЕ да демонстрира ангажираност за имплементација на договорот, конструктивност, добра волја и ургентност

0
1160

Во петокот имавме средба со премиерот Никола Груевски на која го искажавме нашето разочарување од тоа што не се испочитувани роковите од договорот од Пржино. Вака британскиот амбасадор Чарлс Гарет ја почна својата изјава предмалку пред Владата, зборувајќи во свое име, како и во име на амбасадорите на Германија, Европската унија, Франција и Италија.

– ВМРО-ДПМНЕ да демонстрира ангажираност за имплементација на договорот, како и конструктивност и да покаже добра волја. Го повикуваме Груевски да го охрабри неговиот тим да најде решение за отворените прашања – рече Гарет.

Тој истакна дека веруваат оти имплементацијата на Договорот од Пржино е најдобар план за излез од политичката криза.

Амбасадорите побараа реформите да се имплементираат бргу, за на крај да се одржат избори коишто ќе бидат признаени и дома и надвор. Тие очекуваат специјалната обвинителка да ги добие условите за работа што ги бара, а опозицијата, односно СДСМ, ја охрабруваат да ги исполни своите обврски од договорот, вклучително и обврската да не продолжат со објавување на прислушкуваните разговори.

– Владата треба да покаже посебна одговорност и треба да дејствува итно и веруваме дека меѓународната заедница е повикана да го поддржи тој напор – рече Гарет.

Меѓународните претставници уште еднаш ги повикаа партиите Договорот од Пржино да го стават пред своите интереси.

Изјавата во целост може да ја погледнете ОВДЕ