(ВИДЕО) Активистот на Левица, Гоце Маркоски е лицето кое беше нападнато од придружбата на Грујо: Јас само отидов да му кажам дека не е сега време за сликање пред камери зашто луѓето се оставени сами на себе!

0
2691

Приврзаник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на вицепремиерот и министер за екононски прашања, Владимир Пешевски физички нападнал и удрил лице, кое му стави забалешка на поранешниот премиер околу санирањето на штетите од невремето.

Пораталот НОВА објави дека жертва на насилникот на Груевски е активистот на Левица, Гоце Маркоски, кој во изјава за НОВА вели дека настанот се случил пред неколку часа во Сингелиќ.

„Појдов на Груевски да му кажам дека на населението не му требаат паради и сликање пред камери туку и суштинска помош. Еден од обезбедувањето, или не знам во која функција беше, тргна по мене и почна да ме бутка, по што ми удри бокс. Јас само отидов да му кажам дека не е сега време за сликање пред камери зашто луѓето се оставени сами на себе. Еве три дена нема никој кој да го собере ѓубрето што е овде“, вели Маркоски за НОВА.

Тој заедно со уште неколку активисти на Левица, самоиницијативно се организирале и отишле на лице место да помогнат на поплавените семејства.