(ВИДЕО) Адвокатот Давидовиќ: Снимките и фотографиите на МВР направени од полициски службеници во цивилка за време на протестите не може да се користат како докази

0
1154

Снимките и фотографиите на МВР направени од полициски службеници во цивилка за време на протестите не може да се користат како докази, затоа што се направени без наредба за посебни истражни мерки, а службениците не биле легитимирани, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, кој е застапник на две демонстрантки на Шарената револуција кои утрово беа повикани на распит во полициската станица Беко.