(ВИДЕО)Шилегов: Барам изградба на колекторски систем во општина Бутел

0
1040

Шилегов 2

Колекторски систем и регулирање на реката Серава во општина Бутел,наместо планираните средства од буџетот за идната година за ненаменско трошењ, побара денеска пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов во својата дискусија по Предлог- буџетот за 2016 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет, во која се води амандманска расправа.

– Централната власт треба да мисли и за другите делови на Скопје, освен за неговиот центар – рече Шилегов.

Тој посочи дека дел од средствата потребни за реализирање на овие проекти би можеле да се пренаменат и од делот предвиден за проекти на Министерството за животна средина.