(Видео)Ставриќ: Извештајот на Стејт Департментот потврди дека мојот случај е полициска местенка

0
1422

Класична полициска местенка, политички мотивирана – ова го потврдува Извештајот на американскиот Стејт департмент, вели очниот хирург Дејан Ставриќ чиј случај во Извешатјот  за човековите права во Македонија, се наведува во поглавјето „Политички затвореници“.

stavrik

За Ставриќ ова е потврда на како што вели злоупотребата и приватизацијата на судството од владејачката гарнитура.

Многу луѓе неправедно биле политички гонети, вели Ставриќ. Оттука вели тој има иницијатива да се формира здружение на политички прогонети и оштетени граѓани од власта.

Во Извешатајот за Македонија, кој вчера го презентираше Државниот секретар Џон Кери, стои дека во текот на годината, одредени случаи довеле до меѓународна критика и загриженост поради селективна правда.

Во мај, хирургот Дејан Ставриќ кој ги предводеше лекарите на 52-дневен штрајк против Министерството за здравство, беше осуден за земање 2000 евра мито од пацинет и беше осуден на една година затвор, по 22 дена притвор и едно судско рочиште, што е невообичаено кратко време.

Освен лекарот Ставриќ, се споменува и претседателот на Советот на општина Центар- Мирослав Шиповиќ. Неговиот случај беше нотиран од американскиот Стејт департмент и во претходниот Извештај, со апсењето на новинарот Томислав Кежаровски, но и на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски.


STAVRIC ZA IZVESTAJOT NA STEJT DEPARTMENT 27 06 by 24vesti