(ВИДЕО)И претседателот на ХДЗ, Карамарко ала Хорхе изгубен во преводот, но Меркел му го лепна: Аха, англискиот ви е лош?

0
1181

Претседателот на ХДЗ, Томислав Карамарко, се состана денес во Берлин со претседателот на ЦДУ и германската канцеларка Ангела Меркел. Од ХДЗ се пофалија дека Меркел ги поддржала бидејќи се работи за “блиски партии”.

Карамарко по разговорите рече дека добил поддршка од претседателот на ЦДУ, која е дел од семејството на народни партии.

Новинарот на ХРТ со мобилен телефон го снимил почетокот на средбата, каде Карамарко уште еднаш се посрамотил. Имено, пред средбата,германската канцеларка го праша Карамарко и делегацијата на ХДЗ на германски: “На кој јазик ќе зборуваме – германски или англиски?” И Карамарко молчешкум седна, без да даде одговор на ова прашање.

Меркел уште еднаш на германски праша – “Аха, англискиот е лош?”, а откако Карамарко, ниту на тоа прашање не даде одговор, скокна Миро Ковач и одговори “на германски јазик”. Според снимките објавени на ХРТ може да се види дека Карамарко воопшто не се снајде, со оглед на тоа дека ниту во текот на ракувањети со Меркел не кажа ниту еден збор.

Линк од видеото ОВДЕ