(ВИДЕО)Ванхауте: Некои луѓе мислат дека можат да ги прекршат сопствените закони

0
1162

12165789_10205045606124116_53932061_n-685x320

Многу е тажно што некои луѓе мислат дека можат да ги изиграат сопствените закони, изјави белгискиот експерт, Питер Ванхауте, откако преговорите за изборен законик беа прекинати поради одлуката на Совет за јавни обвинители да го преполови тимот на Катица Јанева. Како што рече тој, со одлуката е прекршен законот за специјално јавно обвинителство кој партиите претходно го договорија, известува А1он.

– Договорот и законот предвидуваат таа да ги добие сите ресурси, финансии и персонал кои ќе ги побара и ќе треба да претстави само план. Очигледно овој принцип не е испочитуван и затоа некои од партиите решија да ги напуштат преговорите. Мислам дека сите треба да ги почитуваат постигнатите закони, ова беше договорено во работните групи, ова беше регулирано со законот договорен од четирите партии. Многу е тажно што некои луѓе мислат дека можат да ја изиграат сопствената легислатива – изјави Ванхауте откако СДСМ ги прекина преговорите.

Тој очекува притисок од меѓународната заедница, но и од домашната јавност по одлуката на Советот за јавни обвинители.

– Очекувам да има притисоци по прашањето за специјалното јавно обвинителство, притисок од меѓународната заеница, и треба да има притисок од сите, особено од граѓаните на Македонија. Не смее да се прифати кога луѓето не ги почитуваат сопствените закони – рече тој.

Пред да се пркинат преговорите, како што рече Ванхауте, работните групи постигнале напредок и сериозен прогрес по сите поважни прашања вклучувајќи го и избирачкиот список.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.