(ВИДЕО)Вампирот ГРУЈО го ПОВАМПИРУВА и членството: НОЌНА МОБИЛИЗАЦИЈА во Прилеп!

0
1395

Осум автобуси и два минибуса од Прилеп се упатија кон Скопје вечерва во 20 часот, за да се придружат на провладиниот собир за поддршка на Уставниот суд, објави Цивил Медиа.

Иако партиските симболи овојпат не беа јавно манифестирани, не може да има поочигледни „бајраци“ во толпата, од гласните разговори кои го зајакнуваат „патриотскиот дух“ и ги колнат, кудат и „чистат“ комуњарите од лицето на Македонија.

clp-04-prilep-15032016-500x3751

На прашањето – „Каде одат овие автобуси?“, следеше одговор: „За Скопје, ќе играат ’Победа’ и ’Вардар’“,  ни одговори еден друг возрасен човек иронично.

Иако не успеавме да добиеме официјална потврда, анонимни извори од владејачката партија во Прилеп ни потврдија дека одлуката за мобилизација на прилепското членство на ВМРО-ДПМНЕ била донесена на итен состанок на партијата, по пристигната наредба од „централата“, велат од Цивил.