(ВИДЕО)Бочваровски: Македонски Железници се пред колапс

0
1529

B.Bochvarski, 14.05.2016Македонски Железници се пред колапс. Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се на штета на работниците и на фирмите во сопственост на државата. Работниците се во неизвесност, не знаат дали ќе останат на работа, стравуаваат дека може да останат без плати од наредниот месец. После цели 10 години раководење со Македонски Железници, раководството од ВМРО-ДПМНЕ се жали на претрпени загуби од 1,5 милиони евра. Раководството не се жалеше на загуби кога организирано носеше партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ од цела Македонија на контрапротестот во Скопје. Македонски железници немаше да бидат пред колапст да се работеше одговорно, домаќински и да се реализираа проекти за развој. Македонија е најслабо инфраструктурно развиена земја, изјави Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

– Пругата Битола – Кременица требаше да биде готова во 2015 година. Тоа не се реализираше, па потоа ВМРО-ДПМНЕ ја најави за март 2016 година, па за 2017 година. Пругата, не само што не е завршена, напротив, таа е во почетна фаза на реализација и не е функционална. Доколку беше готова оваа пруга, ќе беше алтернатива на делницата на коридорот 10 и немаше да има загуби. Но, за Власта на ВМРО-ДПМНЕ поважни беа проекти од типот на панорамски тркала и палми во Вардар. Дополнително, ја нема пругата кон Бугарија ниту кон Албанија. За овие 10 години ниту една нова пруга не е пуштена во сообраќај. Ова е уште еден доказ дека за оваа власт поважни се тендерите и бизнис интересите на Груевски и фамилијата, а не потребите на граѓаните – изјави Бочваровски.

https://www.youtube.com/watch?v=GVQSJ3CbYtI