Верниот до смрт на фамилијата и Сашо Мијалков, Тачи до Хан: Ќе ги поддржиме законите на Јанева во Собранието

0
1207

Остваривме конструктивна средба со господинот Хан, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика.

Тачи рече дека Демократската партија на Албанците ќе ги поддржи предлог-законите кои спаецијалната јавна обвинителка Катица Јанева ги поднесе до Собранието, меѓу кои продолжување на мадатот на Специјалното јавно обвинителство, како и Законот за заштита на сведоци.

„Нема да ги признаеме резултатите од претстојните избори, доколку се утврдат нерегуларности и малверзации“, рече Мендуџ Тачи.

Taчи, исто така потенцираше дека не мора да значи дека изборите на 11 декември ќе се одржат.

Хан претходно се сретна граѓанските организации, премиерот на техничката влада Емил Димитриев и Специјалната јавна обвинителка.