ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет

0
1102

Сцените кои ги гледам денеска од Струга се крајно разочарувачки за мене. Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата, реагираше министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

 „Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Апелирам до граѓаните да се воздржат од какви било собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала“, напиша Филипче.