ВЕНКО ФИЛИПЧЕ : СО ДОНАЦИЈА ОД ЕУ И ХОЛАНДИЈА, ЗА ПРВ ПАТ ОБ КИЧЕВО ДОБИВА НАЈСОФИСТИЦИРАН АПАРАТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА

0
713
За првпат ОБ Кичево добива најсофистициран апарат за компјутерска томографија (КТ).
Кичевци повеќе нема да патуваат до Гостивар, Тетово или Скопје за преглед. Веќе пациентите нема да бидат во агонија додека чекаат термин за дијагностицирање или контрола на сериозни заболувања. Со новите апарати овозможуваме полесна работа и на специјалистите од различни области.

Изразувам голема благодарност на нашите пријатели од ЕУ, евроамбасадорот Гир и холандскиот амбасадор Коп, кои финансиски го поддржаа овој проект за помодерен, современ здравствен систем каков што заслужуваат пациентите и медицинскиот персонал.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.