ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОД ТРИБИНАТА ,,НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА” : ИНКЛУЗИВНО ГИ КРЕИРАМЕ ПОЛИТИКИТЕ, ГИ РЕШАВАМЕ НАПЛАСТЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ, ЗАТОА ЈА ИМАМЕ НАЈДОБРАТА ПОНУДА ЗА СЕКОЈА ОПШТИНА

0
691
Филипче од трибината „Најдоброто за нашата општина” во Охрид: Инклузивно ги креираме политиките, ги  решаваме напластените проблеми, затоа ја имаме најдобрата понуда за секоја општина
 
Овие средби не се почеток на кампања, овие средби се за да го слушнеме гласот на граѓаните, да видиме што мислите, да го споделиме информации, затоа што така сакаме да креираме и да ги водиме политиките, инклузивно, да слушнеме кои се проблемите и предизвиците со кои граѓаните се соочуваат и заедно да најдеме решенија, истакна во Охрид на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче.
Тој истакна дека вака инклузивно СДСМ ги води политиките во здравството, со граѓанските здруженија за ретки болести, со здруженијата на пациентите, млади специјализанти, студенти по медицина, лекарската комора, со сите што знаат ги знаат проблемите и знаат како да се решат.
Минатата година се соочивме во криза, која никој никаде во светот не ја очекувал ниту знаеше како да ја менаџира, но со тимска и пожртвувана работа, како одговорна и транспарентна власт не дозволивме ниту еден пациент да остане без соодветно болничко лекување, истакна Филипче.
Тој нагласи дека се зголемија платите на лекарите  специјалисти од 60.000 на -85. До 160.000, на медицинските сестри од 19.000 и 25.000 на 25.000 и  33.000, , дадовме 5000 согласности за вработувања за 3 години не оставивме млад лекар да си оди од државата.
Решен и повеќегодишниот проблем со едукација на медицинските сестри, од септември ќе им биде признаено и платено образованите, рече Филипче, додавајќи дека инвестиравме во луѓето, но и во опрема.
Охрид доби најсовремен центар за деца со аутизам, кој стана  регионален, каде овие деца добиваат најсовремена здравствена заштита, изградивме модуларна болница, во која во екот на пандемијата имаше и 100 пациенти, истакна Филипче.
Тој најави дека следната недела во охридската болница ќе стигне нов дигитален рендген апарат, нов најсовремен ехо апарат, репариран е ангиографот, а стигнува уште еден, бидејќи Охрид е препознаен за најсовремен третман на кардиолошки болни.
Во среда се отвора базен во костозголбната болница, каде се вршат најкомплексни ортопедски интервенции, а до крајот на годината, со заемот од Светска банка, која ВМРО-ДПМНЕ го блокираше ќе се опреми новата интервенции болница и ќе биде ставена во функција.
Вака ги креираме политиките, ги препознаваме вистинските проблеми ги  решаваме напластените проблеми, истакна во Охрид на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче .