ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Не ја направивме грешката на Италија и Шпанија кои ги пратија сите заболени во болниците и се случи хаос!

0
1248

 Поучени од искуствата на другите земји направивме успешен модел на домашно лекување за лесните случаи со кој го заштитивме здравствениот систем.
 Во Р.С. Македонија има ниска стапка на заболување во споредба со другите европски држави. Досега, заклучно со денешниот ден, се регистрирани 828 случаи, што престатвува стапка на заболување од 40,3 на 100.000 жители, наспроти регионот и европски држави, каде оваа бројка беше преку 340.
 Заштитна опрема има доволно во резервите на Министерството за здравство и се дополнуваат резервите постојано, во тек е набавка на милион парчиња заштитна опрема од сите видови, а здравствените установи можат да дополнуваат непречено во било кое време.
 Досега се направени преку 8.000 тестови што приближно одговара на 4.000 тестови на 1 мил жители, што нѐ става некаде во врвот во регионот по број на направени тестирања.