ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ПРЕДАВА, НОН СТОП НАОЃА НОВИ НАЧИНИ ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА: Студентите од шестта година по општа медицина активно се вклучуваат во поддршка на своите колеги во борбата против ковид-19

0
1028

Денеска едногласно рекоа дека сакаат и можат да помогнат во периодот кој следува. Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците.

Во наредните шест месеци, на секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје. Со ова, тие ќе им помогнат на здравствените работници кои го носат најголемиот товар во оваа криза. Идните лекари, освен што ќе стекнат искуство, ќе ја реализираат и клиничката пракса по јавно здравје која ја извршуваат во шестата година од студиите и истата ќе им биде признаена.