ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: НЕ МУ СЕ ПЛАШАМ НА КАМЧЕВ, И ДА МИ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА СИГУРЕН СУМ ДЕКА БИТКАТА ЌЕ ЈА ДОБИЕМЕ КАКО ШТО ЈА ДОБИВМЕ И БИТКАТА СО АНТИ ВАКЦЕРИТЕ КОИ НАЈАВУВАА ТАКВИ ТУЖБИ ОКОЛУ МОРБИЛИТЕ!

0
1272

На новинарско прашање на денешниот брифинг како ја коментира најавата за кривична пријава од Аџибадем Систина за наводно загрозување на јавното здравје поради изјавите и одлуките за нивните тестови за Корона, Филипче одговори:

– Битката за јавното здравје е почната одамна, уште лани околу битката со епидемијата со Морбили анти ваксерите најавуваа такви тужби па ја добивме таа битка, така и сега ќе ја добиеме и оваа битка не се плашам од никого, работиме најдобро и најодговорно и нема да отстапиме од стандардите признаени од светската здравствена организација и од препораките на експертите од мојот тим.