ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Набавивме 13 нови возила за Здравствениот дом Скопје и ја зајакнавме единицата за домашно лекување

0
1112

Набавивме 13 нови возила за Здравствениот дом Скопје и ја зајакнавме единицата за домашно лекување. Минатата година набавивме 12 нови возила за Службите за Итната медицинска помош (ИМП) во државата, со што за 100% ја зајакнавме службата во градот Скопје. Во завршна фаза е постапката за обезбедување и дистрибуција на 65 нови санитетски возила, како донација од Кина. Примивме 40 доктори, од кои 27 се во ИМП.

Водиме грижа за здравјето на нашите граѓани и продолжуваме понатаму преку фокусирање на пациентите, користење на современа технологија во склад со следење на светските стандарди за квалитетна здравствена заштита и промоција на здрав стил на живот за здравје во семејството во насока на спречување на болести.

Голема благодарност до градоначалникот Борис Георгиевски за донацијата од две специјални возила за ИМП.