ВЕНКО ФИЛИПЧЕ : Забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците, кафичите од 18-ти декември до 21-ви јануари ќе работат до 18 часот!

0
887
Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести разговаравме за нов пакет на рестриктивни мерки. 👇
Нашиот предлог кој ќе го препорачаме до Владата е во периодот од 18 декември до 21 јануари:
➡ Угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега;
➡ Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка;
➡ Во престојниот период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците;
➡ Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, односно укажува да се почитуваат препораките за собири во домови.
На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.
На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.
На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници на Независната угостителска комора.
Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.