Венко Филипче : До крајот на 2020 ќе ја дефинираме 10 годишната стратегија за издвојување и инвестиции во здравство и ќе побараме широка собраниска поддршка за неа

0
902

Корона кризата покажа дека здравството е еден од столбовите на државата. До крајот на 2020 ќе ја дефинираме 10 годишната стратегија за издвојување и инвестиции во здравство и ќе побараме широка собраниска поддршка за неа. На здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување. Во следниот мандат, овозможуваме:

✅ Зголемуваме на платите на здравствените работници и соработници за 10%, значи вкупно 40% за целокупниот следен мандат;

✅ Сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје ќе добијат 12 000 денари субвенција за решавање на станбеното прашање;

✅ Зголемување на бројот на специјализации и склучување стратешки договор со Универзитетската болница во Франкфурт за размена на кадри;

✅ Воведување на проектот „Телемедицина“ каде ќе патува информацијата, а не пациентот, со поврзување на клиничките болници со Универзитетскиот Клинички центар. Со ова, секој пациент ќе добие навремена и брза интеренција;

✅ До крајот на мандатот ќе започнеме проект за енергетска ефикасност на сите болници и здравствени домови во нашата земја;

✅ Реновирање на најстарите одделениjа во здравствените установи;

✅ Обезбедување на 70 нови возила до крајот на мандатот за итна медицинска помош;

✅ Почнување со изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје;

Затоа што можеме уште повеќе и уште подобро.