ВЕНКО ИМА УБАВИ ВЕСТИ ЗА ЗЕМЈАВА : Во 6 градови во земјава нема повеќе активни случаи со ковид-19

0
1143
Почитувани,
Министерството за здравство согласно последниот, вчерашен извештај на Институтот за јавно здравје информира дека во шест градови во земјава, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со КОВИД-19.
Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега 4 лица починаа, а 47 се оздравени.
Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по 4 случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од ковид-19, а сите евидентирани ковид позитивни се оздравени.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk