Венко Андонов : Тонеме како фирми и граѓани, а други извлекуваме од кал, време е ова да престане!

0
1360

Лошата страна со изјавата на Ван Хул е што за подобрување на профитабилноста на оваа фирма, владата од наши пари издвоила 17 милиони евра (според јавно искажаните податоци). Излегува дека ние како фирми и граѓани можеме да тонеме и при тоа да продолжуваме да издвојуваме пари со кои им овозможуваме други да се извлекуваат од кал. Многу негативен ефект. После вакви изјави, истите поволности дури и подобри би ги барале идните странски инвеститори и ќе влеземе во негативна за нас спирала, вели во интервју за Фактор, Венко Глигоров, претседател на Комисијата за економија и финансии при Либералната партија на Македонија.

venko

Време е романтичарската фаза на Владата со воодушевеност од странските инвестиции да помине и третманот кон странските инвестиции да биде избалансиран и во корист на домашните инвестиции, вели во интервју за Фактор, Венко Глигоров.

Фактор: Владината политика за привлекување странски инвестиции нуди низа царински, даночни и други олеснувања, како и субвенциите за странските инвеститори, дали домашните бизнисмени се дискриминирани во однос на условите за инвестирање ?

Глигоров: Време е романтичарската фаза на владата со одушевеност од странските инвестиции да пројде и третманот кон странските инвестиции да биде избалансиран и во корист на домашните инвестиции. Симбиозата на странските и домашните бизниси и соработка може да биде многу покорисна за македонската економија. Сепак, лично не верувам дека оваа власт ќе го намали моделот и темпото на “привлекување инвестиции” ниту ќе прави балансирање и ќе создава услови за симбиоза на странските и домашните бизниси.

Затоа што во такви услови, бизнисите меѓусебно ќе си ги воспостават релациите и со тек на време ќе ја ставаат владата на страна. Уверувајќи се во нивните пориви да контролираат се’, овој избалансиран модел кој е добар за сите граѓани нема да го применат и затоа ценам дека се потребни промени со нови пристапи, нова организација и нови луѓе.

Фактор: Владата политиката за привлекување инвестиции ја почна во 2007 година, а странските бизнисмени за инвестирање во земјава добија низа поволности. Дали е оправдана владината политика за привлекување инвестиции?

Целото интервју може да го прочитате на следниот линк (ОВДЕ) ФАКТОР