ВЕЛШКИТЕ ГРАЃАНИ ВО СТРАВ : СТАДО ОВЦИ ИЗЕЛО ДРОГА, СЕ НАШМРКАЛЕ И ПРЕДИЗВИКАЛЕ ХАОС И ХАВАРИЈА ВО МЕСТОТО

0
2641

Мештаните во едно село во Велс пред некое време се пожалиле дека живеат во страв од стадо овци кои, како што рекле, создаваат хаос.

Мештаните рекле дека овците одеднаш почнале чудно да се однесуваат, истрчувајќи пред автомобили, упаднувајќи во дворови и куќи…

Една овца успеала да влезе во спалната соба на еден човек и направила вистински хаос.

Случаите биле пријавени во полиција, а полицајците откриле напуштена, илегална „фарма“ за марихуана каде, како што рекле, овците паселе марихуана.

Марихуаната подоцна кај овците предизвикала агресивно однесување.

Полицијата брзо ја отстранила марихуаната, а мештаните се надеваат дека нема да се повтори сличен инцидент.