Велика Британија во нов карантин

0
1217

Британските власти од денеска воведуваат нов карантин.

После Ирска и Франција, почнува второто затворање во Англија за нејзините 56 милиони жители. Продавниците што не се неопходни ќе бидат затворени, а угостителските објекти ќе можат да вршат само испорака. Училиштата остануваат отворени.

За да ја смири загриженоста на граѓаните, британскиот премиер, Борис Џонсон, вети дека карантинот ќе заврши на 2 декември.

Велика Британија е земја со најмногу жртви од Ковид-19 во Европа и има 48.000 смртни случаи.