ВЕЛЕШАНИ ЕВЕ КАЈ ВИ СЕ ПАРИТЕ: Општина Велес му исплатила 3 милиони денари на Здравко Чолиќ за да пее за питијадата!

0
2824

– Општина Велес му исплатила на пејачот Здравко Чолиќ 3 милиона денари за неговиот настап на питијадата оваа година. За време на питијадата, во бекстејџ се испиле 5000 евра пијалоци и кафиња на сметка на општината. Ова е невидено расипништво. Велес повеќе нема да ја организира питијадата на сметка на општината, туку ако сакаат тоа нека го прават стопанските комори и туристичките комори во градот, немам намера вака да ги трошам парите на Велешани во иднина.

Ова денеска на прес го изјави градоначалникот Аце Коцевски.