ВАКОВ ТЕЖОК КОПУК САМО ГРУЈО МОЖЕ ДА ИСКОПА : Оливер Андонов од телефонски честитки разбрал дека е предложен за министер – никој не го прашал дали сака?!

0
4710

Предложениот кандидат за министер за внатрешни работи д-р Оливер Андонов во телефонски разговор за Телма тврдел дека не бил директно контактиран дека ќе биде предложен за министер.

Државната агенција МИА во 12:25 часот денеска ја објави веста дека владата ја прифатила оставката на министерот Митко Чавков о до Собранието го предложила професорот Оливер Андонов за нов министер.

Во 12:38 часот од Телма го контактирале Андонов, но тој кратко кажал дека него никој не му кажал директно дека е предложен за министер и дека дознал од честитки од луѓето откако информацијата е објавена на портали. Оливер Андонов според информацијата од владиниот портпарол треба прво да стане министер, па потоа дополнителен заменик министер во преодната влада (министер ќе биде по предлог на СДСМ во преодната влада).

Петнаесетина минути пред 14 часот на сајтот на Собранието е објавена оставката на Чавков и биографијата на кандидатот за негов наследник кој министерската фотеља ќе ја држи само еден ден.
Последното вработување на Оливер Андонов е на Воената академија во Скопје, таму станал професор во звање доцент пред 3 месеци и на воените питомци треба да им предава по предметите Цивилна одбрана, Цивилна заштита и Разузнавачко-безбедносен систем.
Неговото научно звање е доктор по мир и развој, а докторирал во 2010-тата година на Филозофскиот факултет на катедрата по одбрана. Предавал и на Факултетот за безбедност и приватните универзитети Европски и МИТ.
Претходно од 2004-та до 2009-тата бил вработен во МВР во гранична полиција и во одделот за недозволена трговија со дрога и оружје во Скопје и во Куманово. Бил припадник на АРМ од 1992-ра до 2002-ра година. Роден е во 1971-ва година, а факултетот по одбрана го завршил на 28-годишна возраст во Скопје.