ВАКВИ НЕОДГОВОРНИ ЛЕКАРИ И СЕСТРИ МУ НАНЕСУВААТ ГОЛЕМ СРАМ НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО КОЕ ХЕРОЈСКИ СЕ БОРИ ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА!

0
1839

Михаела Довичинска, ќерка на 41-годишна пациентка која починала на штипското инфективно одделение со билатерална бронхопневмонија и Ковид 19, обвинува за скандалозно игнорантски однос на медицинскиот персонал на ова одделение. Ќерката тврди, дека од податоците на мобилниот телефон на мајка и, евидентно е дека таа со часови не успеала да добие ниту едно медицинско лице да и донесе боца кислород во собата, во последните моменти од животот, кога таа боца кислород била клучна за нејзиното преживување!

Објавата на ожалостеното семејство, всушност е индиција за можна неодговорност на медицинскиот персонал во штипската болница. Итно е неопходна промена во системот, отворање на поголем број на линии за информации на семејствата и за помош на пациентите. И семејствата и пациентите кога ѕвонат на двата телефонски броеви или да прашаат за здравствената состојба на нивниот близок, или како пациенти да побараат некој да дојде кај нив во соба, да им донесе нешто или да им помогне, со многу напор и маки успеваат да добијат некој од другата страна на линијата!

Како што дознава„Слободен печат“, директорот на штипската болница доктор Ален Георгијев, утринава дал устен налог, да му се даде извештај за тоа што се случувало ноќта кога никој не и одговарал на пациентката.

И директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова Бухова за СП потврдила дека во тек е вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.