ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЛЕПСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП

0
1089

Општина Прилеп ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од сабота 18-ти април до вторник 21 април 2020 година, да го известат Општинскиот кризен штаб на телефонскиот број 0800 00 210 каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење треба да се најави еден ден однапред, најдоцна до 20 часот. Притоа, точно треба да дефинираат времето и местото на извршување на земјоделските активности. Напоменуваме дека нема да сe издаваат дозволи за движење, туку само ќе се евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици.

На овој начин на неевидентираните земјоделците ќе им се овозвожи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековните земјоделски активности.