БЈБ ДЕНЕСКА ЗАПЛЕНИ 1,2 ТОНА МАРИХУАНА ВО БУТЕЛ, УАПСЕН Е ДИЛЕР ОД КАВАДАРЦИ!

0
1077

Бирото за јавна безбедност преку Одделот за криминалистичка полиција во рамките на засилените мерки во борбата со недозволената трговија со дрога во координација и насоки со ОЈО Кавадарци денес спроведе акција на подрачјето на град Скопје при што во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двеста четириесет килограми (1240кг), спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи исполнети со наркотична дрога марихуана.

Лишено од слобода е едно лице против кого ќе се поднесе кривична пријава по член 215 став 1 од КЗ до ОЈО Кавадарци.

Истрагата е во тек со цел утврдување и откривање на други инволвирани лица во случајот на НТ со марихуана.