Буши за осомничениот роднина за кражба на марихуана: Одговорноста е индивидуална, секој сам треба да одговара за тоа што го сторил

0
726

Заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, смета дека тоа што еден од членовите на неговото семејство е осомничен во полициската акција за откривање на дрога во Крушево е индивидуална одговорност на осомничениот. Буши додава дека не го искористил својот авторитет и нема да го искористи за да влијае на истрагата.

„Одговорноста е индивидуална и секој од нас има индивидуална одговорност и мора да одговaра. Не можам да бидам одговорен за никој друг, она за што сме обврзани се нашите деца. Преземањето правни мерки против некој што има семејна врска со носители на јавни функции само докажува дека правдата функционира и пред правдата сите ќе се појават“, вели Буши за Алсат.

Тој бара од властите да го испитаат и неговото лично обезбедување со иницијали С.С., кој е брат на прво- осомничениот во полициската акција, Тасим Садики.

„Дури и за момчето кое е мое лично обезбедување, сите мерки ќе бидат преземени ако биде вмешан, но засега нема такво нешто. Ако нешто излезе, тој исто така ќе сноси лична одговорност”, додава Буши.