БУЧКОВСКИ : ГРУПАЦИЈАТА НА БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ИМА АМБИЦИИ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ СДСМ

0
722

Поранешниот премиер Владо Бучковски во вечерашното гостување на ТВ 21 ги коментираше случувањата во СДСМ и што по оставката на лидерот Зоран Заев.

-Ако Заев опстои и на таа втора оставка, за која имаше иницијативи да не се повлече барем од чело на СДСМ. И таму по констатирањето на неговата оставка, во рок од 15 ИО ќе ги распише изборите, каде очигледно ќе има повеќе кандидати. Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиакта. Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година. Суетата на Црвенковски… Не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ, на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски исто така отворено се конфронтираше со партијата, рече Бучковски.