Будење со кафе? Слободно продолжете да го практикувате тоа

0
1015

И вие сте од оние на кои пиењето кафе им е еден од секојдневните ритуали? Освен тоа што мирисот на кафето ве буди, ви дава енергија и ве мотивира, најновите истражувања покажуваат дека редовното конзумирање кафе помага во превентива  на срцевите заболувања, дијабет тип 2, рак на кожата и паркинсова болест.

Кафето го привлекува вниманието на научниците поради свите биоактивни состојки. Овие состојки можат да се најдат во зелените гравчиња на кафето, како и во печеното кафе, познати кко хлорогенски киселини, кои им помагаат на пијачите на кафе да бидат поздрави.Овие киселини имаат потентни антиоксиданси кои превенираат внатрешни воспалувања.

Една од најзначајните киселини најдена во кафето е CQA ( caffeoylqinic acid ) која го стимулира нивото на антиоксиданси во клетките. Истата киселина може да ги отстрани штетните молекули познати како reactive oxygen species (ROS). ROS постојано го привлекува вниманието нанаучниците, затоа што ги стимулира клетките на имунолошкиот систем да одговорат соодветно кога се под напад на микроби. ROS  е дел од телото и се произведува во метаболички процес.

Континуираното конзумирање кафе, според научниците може да доведе до намалување на ризикот од промена на ДНК синџирот, а овие откритија може да им помогнат на луѓето кога е во прашање нивното здравје.