Бугарските спасувачи испумпаа вода од 17 објекти, а стотици Бугари се јавиле доброволно да помагаат во настраданите подрачја

0
1035

Екипите на софиската дирекција „Сигурност“ и на Дирекцијата за спречување пожари и заштита на населението од пожари успеаја да испумпаат вода од 17 објекти. Тоа не се мали куќи, туку големи објекти, вклучувајќи детски градинки и училиште, изјави главниот комесар на Дирекцијата, Николај Николов, пренесува МКД.мк

Николов, како што јави БГНЕС, соопштил дека „десетици автомобили се претресени за да се провери дали во нив има евентуално настрадани лица.

„Работата продолжува. Трагедијата е сериозна и ситуацијата нема да се подобри. Операциите се многу тешки, но благодарноста која ја добиваат нашите луѓе дополнително не поттикнува“, изјавил Николов, додавајќи дека бугарските спасувачи со ентузијазам помагаат.

Комесарот Николов се сретнал со двајцата вицепремиери во македонската влада и со градоначалникот на Скопје.

Повеќе ОВДЕ