БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ РУМЕН РАДЕВ СО ИЗЈАВА ПО ПОЛАГАЊЕТО НА СВЕЧЕНАТА ЗАКЛЕТВА ЗА ВТОРИОТ МАНДАТ – ,,ЈАС СУМ ПОЛИТИЧАР КОЈ САКА ДА ИМ ПОМОГНЕ НА БРАЌАТА МАКЕДОНЦИ ДА СТАНАТ ДЕЛ ОД ЕУ”

0
534

Повеќекратниот пристап кој беше предложен од Владата на Бугарија има потенцијал да го ревитализира дијалогот меѓу Софија и Скопје, градејќи доверба, но не треба во втор план да бидат правата на нашите сонародници, рече старо-новиот претседател на Бугарија Румен Радев кој денеска положи заклетва во Народното Собрание, а в сабота ќе биде инаугуриран.

„Сакам да бидам правилно разбран. Јас сум меѓу политичарите кои сакаат Република Северна Македонија побрзо да стане членка на Европската Унија. Затоа мора да им помогнеме на нашите браќа побрзо да ги надминат идеологиите од тоталитарното минато и да ги исполнат критериумите за членство. Како одговорна членка на Европската унија, Бугарија мора да интегрира партнери, а не проблеми. Ќе го потврдам мојот став како претседател на сите Бугари дека рамноправноста на македонските Бугари, од кои многумина се бугарски државјани, мора да биде загарантирана со нивно вклучување во уставот на земјата на еднаква основа со другите делови на нацијата“, истакна Румен Радев.