Бугарскиот министер Митов: Миленко ќе биде прогласен за персона нон грата

0
1090

Македонскиот новинар Миленко Неделковски ќе биде додаден во листата на странци кои се непожелни во Бугарија, изјави за БНТ, министерот за надворешни работи Даниел Митов.

Ова е поради кршењето на спомен плочата поставена на Кајмакчалан.

Митов го оценил актот на Миленко како „целосна пропаст на човековата личност“.

Митов рекол дека поставувањето на спомен плочата, која, како што соопшти македонското МНР е нелегално, било без учество на бугарската држава.

– Бугарија ќе направи официјални постапки за реконструкција на споменикот, за се да биде официјализирано, рекол Митов.