Бугарија ги доби првите вакцини против ковид – прв ќе се вакцинира министерот за здравство

0
1026

Утрово околу 7.40 часот, камион со вакцини, придружуван од неколку полициски автомобили, пристигна пред Центарот за инфективни и паразитски болести во Софија, со што оваа земја ги доби првите дози од вакцината против ковид.

„Да, јас ќе бидам првиот вакциниран Бугарин. Вакцините се веќе ставени во замрзнувач, по помалку од еден час првите вакцини одат во Пловдив и Бургас“, изјави министерот за здравство Костадин Ангелов.

Се работи за 9 750 дози, а за јануари се најавени нови 62 500 дози.

Министерот Ангелов додаде дека амбицијата на властите е да се достигне вакцинација од 70% од населенито.

„Откако ќе ја достигнеме оваа бројка, ќе ги фрлиме маските, ќе почнеме да се гледаме, да ги гледаме нашите најблиски, да одиме во театар и во кино“, додаде Ангелов.

Бугарија е една од земјите од ЕУ која понуди да донира вакцини против ков

ид за нашата земја, од своите набавки. При посетата на министерот Венко Филипче на Софија на почетокот на неделава, договорено е тоа да се слули на полетокот на новата година, но се уште не се знае колкав ќе биде тој број.

Од останатите земји од ЕУ, за нашата земја од своите контингенти вакцини ќе издвојат и Грција, каде вчера пристигнаа првите дози, како и Полска.

Останатите дози земјава ќе ги набави преку Ковакс системот (833 000), како и со директни договори со фирмите – производители.