БРУТАЛНА КОЛУМНА НА ВАНЕ ЦВЕТАНОВ: ВРЕМЕ Е ДА ГИ ОТВОРИМЕ КАРТИТЕ!

0
1836

ЗОШТО ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ НАЈВАЖНИТЕ ИЗБОРИ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА?

Како во секоја крајно сложена работа или состојба, причината е многу проста.

Причината е: ДА ОПСТОИ НАШАТА ДРЖАВА ИЛИ ДА СЕ ФЕДЕРАЛИЗИРА И РАСПАДНЕ НА КРАЈ.

1. Опцијата за опстанок е победа на Стево Пендаровски и влез во НАТО.
За опцијата број 1, се сплотивме сите што сакаме да продолжи да постои нашата држава, претставници од сите етнички, верски, социјални и секој вид на припадности. Сите кои што сакаме да имаме држава. Даваме се од себе за да ја зачуваме татковината.

2. Опцијата за влез во најдлабоката политичка криза, од која ќе следи распад на државата е не дај Боже победа на Сиљановска или немање на цензус.
За опцијата број 2, работат Грујо, Мицко, Хорхе, Сиљановска и сите останати антидржавни сили што имаат интерес да се распадне државата, во соработка со одредени ленинисти и соработници на разузнавачки служби кои имаат интерес од распад на државата. Коалиција од мрачни сили.

ЗАТОА:
– На овие избори се игра најниско;
– На овие избори се игра најподмукло;
(За време на овие избори се покажаа на виделина сите мрачни сили).
– Во антидржавниот заговор учествуваат претставници од сите политички партии: Оние од опозицијата, демек се борат за власт, оние од владеачките партии најдоа баш сега да се кријат позади незадоволството… Метлата јас прв ја подржувам, и ќе се случи. Но се запрашал ли некој, “за да се дојде до ваков степен на гнев и очајно барање метла, – КОЈ ПРАВЕЛ ЃУБРЕ 2 ГОДИНИ”? Кој подметнувал кукавички јајца со лоши кадри на Премиерот? Кој помагал свесно во остварувањето на ова пеколно сценарио?
– После недела СЕ ЌЕ БИДЕ ПОЈАСНО! Ќе се видат сите душмани на државата, без разлика позади што се кријат, дали позади партија, дали позади ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ, дали позади некакво незадоволство, дали позади било каков изговор…

Драги пријатели, на најголемиот крстопат сме. Поминавме многу, остана малце. Ајде да ја добиеме убедливо и последната битка за спас на Македонија! А потоа со МЕТЛАТА, ќе се очисти ѓубрето, ќе започнат длабински реформи, ќе започне да се гради и правната држава, ќе запчне владеење на правото и подобар живот за секој од нас.
Но знаете кога?

После убедлива победа на Stevo Pendarovski во недела!

Почитувани пријатели,

– Во недела не се случуваат обични избори.
– Во недела е КОНЕЧНАТА ПРЕСМЕТКА ПОМЕЃУ ДОБРОТО И ЗЛОТО
– Во недела се решава дали ќе имаме држава која ќе стане членка на НАТО, или ќе влеземе но најдлабоката политичка криза, која ќе резултира со вооружени конфликти и распад на државата за максимум 2 години.

– Во недела не се решава за Заев, Мицковски, Груевски или било кој политичар.
– Во недела не се решава дали ќе победело СДСМ или ДПМНЕ.
– Во недела не се решава за вработувања.
– Во недела не се решава за функции.
– Во недела не се решаваат лични гневови и фрустрации.
– Во недела не се решаваат социјални прашања на инстант начин.
– Во недела не се решаваат лични проблеми.
– Во недела не се решаваат лични пресметки со некој што не ни е симпатичен.
– Во недела не се решава дали некој бил апсен или не.
– Во недела не се решава дури ни за одговорност за криминалите!

ВО НЕДЕЛА СЕ РЕШАВА ДАЛИ ЌЕ ИМАМЕ ДРЖАВА ИЛИ ЌЕ НЕМАМЕ ДРЖАВА!

ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ ОТВОРАТ СИТЕ ГОРЕНАПИШАНИ ПРАШАЊА. НО ПОСЛЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ!

ПОСЛЕ ПОБЕДАТА НА ДОБРОТО НАД ЗЛОТО!

Запамтете го ова што го пишувам денеска. И меморирајте го доколку сакате.

Јас, Ване Цветанов, најотворено и без ракавици Ви ја кажувам вистината. Во очи, директно и чесно.

А изборот е Ваш!

Вие одбирате дали ќе имаме или ќе немаме држава.

Вие одлучувате дали ќе имате татковина, во која ќе живеете, или со која ќе се гордеете доколку се иселите, и ќе имате родно огниште кај да се вратите, или се ќе упропастите во 1 ден.

Сите имаме еднаква одговорност, бидејки сите тежиме по 1 глас.

Јас во недела ќе гласам за Стево Пендаровски, а Вие?