БРОЈКАТА УШТЕ ВИСОКА, НО СЕ НАМАЛУВА: Нови 125 заразени од корона вирусот, 46 од Скопје

0
721

Во последните 24 часа се направени 1.085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19, информираше министерот Венко Филипче.

– Скопје 46

– Kуманово 19
– Штип 17
– Прилеп 1
– Тетово 16
– Струга 7
– Велес 3
– Битола 1
– Охрид 5
– Гостивар 6
– Кочани 1
– Делчево 1
– Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.