БРНАБИЌ ГО ПОФАЛИ ЗАЕВ: ОД НЕГО И НЕГОВИТЕ ПОТЕЗИ МОЖЕ ДА НАУЧИМЕ МНОГУ ЗА ТОА КАКО ДА ГИ РЕШИМЕ НАШИТЕ ПРОБЛЕМИ!

0
1669

Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ на Делфи економскиот форум во Атина во разговор со главниот уредник на весникот „Катимерини“ Атанасиос Елисомна на прашањето за Преспанскиот договор, нагласи дека Србија веднаш го поддржала тој договор, истакнувајќи дека тоа било добра вест, што и овозможило на Северна Македонија да го продолжи својот европски пат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Знам дека просперитетот на мојата земја е невозможен без просперитет на целиот регион. Затоа, мене како премиер на Србија, ми е важен напредокот на сите во регионот, подеднакво важен како и напредокот на мојата земја, изјави таа.

Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ посочила дека Преспанскиот договор докажал и дека историски тешките прашања можат да се решат преку дијалог, што е исто така, важно и за дијалогот со Приштина.

-Договорот од Преспа е добар пример за тоа како се надеваме дека работите ќе се решат со Приштина, изјави Брнабиќ, нагласувајќи дека документот покажува и оти, штом се постигне компромис, сите треба да го прифатат.

Премиерката на Србија, Брнабиќ, денеска на маргините на Економскиот форум Делфи се состана и со премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ.

Пред официјалната средба со Кривокапиќ, за време на паузата на Форумот, Брнабиќ имаше краток разговор со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас, и на нив им се придружил и премиерот на Црна Гора.

Брнабиќ во Атина учествуваше на Делфи форумот, а претходно разговараше со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.