БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР БОРИС ЏОНСОН ПРЕФРЛЕН НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА ОТКАКО МУ СЕ ВЛОШИЛА СОСТОЈБАТА ПОРАДИ КОВИД 19

0
919

Британскиот премиер Борис Џонсон е префлен на интензивна нега во болницата „Сент Томас“ во Лондон откако неговата здравствена состојба предизвикана од коронавирусот се „влошила“, соопшти Даунинг стрит, пренесе Би-Би-Си.

Портпаролот на премиерот изјави дека тој бил префрлен на интензивна нега по совети на неговиот медицински тим и во моментов се наоѓа од „одлична нега“.

Премиерот побара од министерот за надворешни работи, Доминик Рааб, да го заменува „онаму каде што тоа е потребно“, додаде портпаролот.

Премиерот (55) синоќа беше примен во болница во Лондон со „симптоми на коронавирус“.

Во изјавата од Даунинг стрит бр.10 се наведува дека „од неделата вечер, премиерот е под грижа на лекарите во болницата „ Сент Томас“, во Лондон, откако беше примен со симптоми на коронавирус“.

-Во текот на попладнето состојбата на премиерот се влоши и по совет на неговиот медицински тим тој е пренесен во одделот за интензивна нега во болницата, изјави портпаролот, пренесе Би-Би-Си.

„Премиерот добива одлична нега и им се заблагодарува на сите вработени во болницата за нивната напорна работа и посветеност“.

Британскиот премиер првично беше однесен во болница на рутински тестови, откако пред 10 дена беше позитивен на коронавирус. Симптомите му се висока температура и кашлање