Британска делегација во НАТО: Приемот на Северна Македонија – историски момент за Алијансата

0
721
Зачленувањето на Северна Македонија во НАТО не е од значење само за нас, туку и за сојузниците, напиша министерката за внатрешни работи Радмила Шекеринска на Фејсбук, пренесувајќи објава од твитерот на Британската мисија во Алијансата.

– Делегацијата на Обединетото Кралство во НАТО во рамките на National photo week на Твитер објави фотографии од моментот на официјалното пристапување на Северна Македонија во НАТО, нарекувајќи го чинот историски момент, напиша Шекеринска.

На Твитер налогот на Делегацијата на Обединето Кралство при НАТО вчера беа објавени три фотографии од подигнувањатето на македонското знаме пред седиштето на Алијансата во Брисел.

– Историски момент за НАТО кога во март го дочекавме нашиот 30-ти сојузник, Северна Македонија во Алијансата. Неколку брилијантни фотографии од церемонијата на заченување за #NationalPhotoWeek, стои во објавата на Твитер на Британската делегација при НАТО.