БРЗ НО ПОИЗРАЗЕН ВЛАЖЕН БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА

0
1356

И утре (06.02.2017) територијата на Македонија ќе биде под влијание на силно јужно воздушно струење  и на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од Северна Африка и која со себе носи транспорт на прашина и песок од Сахара но и МНОГУ ВИСОКИ температури на воздухот (невообичеани за овој период од годината).

Времето во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, невообичаено топло, спарно и ветровито. Ќе дува умерен до засилен, на некои места повремено СИЛЕН ветер од јужен правец кој ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Во попладневните часови почнувајќи од западните предели територијата на Македонија ќе подпаѓа под влијание на циклонска активност која брзо ќе се движи над нашата територија и која ќе донесе врнежи од дожд кој во текот на вечерните часови и во текот на ноќта кон вторник ќе се прошират и во останатите предели и истите полека ќе се поместуваат кон исток. Исто така во текот на ноќта понеделник кон вотрник на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

prec01_013-845x684

На повеќе места врнежите ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат над 10 л/м2 додека локално и над 20 л/м2 воден талог. Можна е и локална појава на грмежи.

Максималните температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 9 до 16 степени додека во централните  и во југоисточните предели повторно е можно истите да бидат нешто повисоки.

Деталната временска прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ