ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ : Бранител од Македонска Каменица во 2001-та ја бранеше државата. Сега бара народот да го одбрани него од болест

0
2103

Последиците од воениот конфликт од 2001-вата, се уште не може да ги залечи бранителот од М. Каменица , 40-годишниот Игор Илиевски. Соочен со тешки здравствени проблеми, овој човек, до вчера активен припадник на безбедносните сили во земјава, ја тестира хуманоста која треба да му ги собере потребните средства за да се оперира во софиската болница Токуда.

  • Боледувам од дискус хернија на С-3, 4, 5.. Поминав многу третмани, но немаше ефект, ми закажаа операција на 10 јануари во Токуда. Операцијата со вградување на импланти чини 8 илјади евра, плус трошоци околу 10 илјади евра, изјави Игор Илиевски, бранител.

Со ваква дијагноза, тешко се живее, вели Игор, кој е татко на две малолетни деца.

  • Сега болки имам. Секојдневни се. Не ги чувствувам рацете и нозете, имам трпнење и вртоглавица секој ден, изјави Игор Илиевски, бранител.

Каменица изминатиов месец собираше донации за нивниот бранител, но средствата не се доволни. За да застане овој човек на нозе, потребни се уште 4 илјади евра.

  • Досега се собрани околу 4 илјади евра, донираа од Рудникот, од телефоните, од Општината, но треба уште толку, изјави Игор Илиевски, бранител.

Хуманите кои сакаат да му помогнат на каменичкиот бранител можат средствата да ги уплатат на сметка 300007098470124 – Комерцијална Банка , или на телефонските броеви  070 143 133, 077 143 475 и 075 143 475.

Извор : Телевизија Стар