БРАВО – УТРОВО ПОД ПАЛКАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И Д-Р МАЈА МОЈСОВА МИЈОВСКА ВО 6 И 33 ЗАПОЧНА ПРОЦЕС НА ТРЕТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА НА СРЦЕ ВО ЗЕМЈАВА

0
1193

Утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја. ❤️

На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези. Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев,
д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот.

На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа 🙏

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.