БРАВО : После триесетина години, изграден мостот на река Пчина

0
1838

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, извршија увид во изградениот мост на река Пчиња во населеното место Долно Коњаре.

Ова е од огромно значење за жителите на Долно и Средно Коњаре бидејќи стариот мост беше крајно небезбеден за движење, а од друга страна овој мост е врска со автопатот Миладиновце-Штип и Скопје – Велес, истакна министерот Благој Бочварски.

Новиот мост е со должина од 133 метри, широк 8 метри со две сообраќајни ленти. Инвестицијата е вредна 1 милион евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

“ Мостовите се важни инфраструктурни проекти кои овозможуваат подобра комуникација но и развој на регионите. Ова е многу сериозен проект,  проект со кој  граѓаните од овие населени места подобро ќе комуницираат, ќе се развиват а верувам дека ќе се зголеми и транспортот на стока бидејќи се поврзуваат со двата автопати. Продолжуваме со реализација на капиталните проекти и во следниот период ја засилуваме динамиката”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

“ Пред 2 години бев овде кога се отпочнуваше овој мост и еве денес сум овде кога се завршува овој мост. Мостот комплетно е направен и е најдолг мост на регионален пат во нашата држава-133 метри, 8 метри широк, со тротари за пешаци и претставува навистина убавина затоа што после 30 години за прв пат се градат мостови во нашата држава. Не само што се изгради овој мост, туку постојниот којшто беше во очајна состојба и веќе ниту ЈСП не сакаше да вози по него, е отстранет, а позади мене гледате се работи и на речноот корито” , изјави Зоран Китанов директор на ЈП за државни патишта.