БРАВО – ОТВОРЕНА НОВА ДОМАШНА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА И 60 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ВО САРАЈ

0
1600

Фирмата ЈУС МБ, Скопје од своето основање до денес прерасна во друштво кое стопанисува на целата територија на Р. Македонија.

Од скромните почетоци преку развојот и зголемените потреби како од деловен така и од магацински простор фирмата преку инвестирање во нив денес се наоѓа во модерен просто. Во склоп на фирмата е и Трговскиот центар “Сарај”, лоциран во Сарај, кој со својата содржина и функционалност е единствен во нашата општина.

Ширењето на дистрибутивната мрежа на фирмата и потреба на осовремување на својот возен парк денес фирмата поседува 32 возила, пикапи и лесни возила. За дистрибуција на кондиторија и замрзнати производи Фирмата е единствен дистрибутер за програмата на Пионир и Хисар од фабриките (Пионир, Хисар, Парачин, Амасис и Земун).

Фирмата е директен увозник на останати производи како: брашно, тестенини, шеќер, путер, замрзнат пилешки програм. Плановите за идното работење на фирмата се во осовременување и подобрување во тековното работење како (со кадар, возен парк) и проширување во делот на дополнување на производи од кондиторија.