БРАВО МИРО, НА МАКА СЕ ПОЗНАВААТ ЈУНАЦИТЕ: Вториот пратеник што дојде во скафандер е Мирослав Богдановски од ДОМ

0
1359

Мирослав Богдановски од ДОМ е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој вчера дојде во скафандер за да гласа на собраниската седница.

Богдановски дојде со сопствено возило, за разлика од пратеничката на СДСМ од Битола, Бисера Костадиновска Стојчевска, која пристигна со амбулантно возило. Двајцата беа сместени во кабини за изолација.

На седницата присуствуваше и Снежана Калевска Ванчева од СДСМ, која денеска излегла од изолација.

Ова е вторпат кабините да се искористат за изолирано гласање на пратеници. Прв позитивен пратеник кој така гласаше лани беше Арбен Зибери од ДУИ при изборот на новата влада, но тој не носеше скафандер.